Радуле ти благодариме за се

“Вардар” е клубот каде Радуловиќ ја заврши својата играчка кариера и ја започна својата тренерска кариера, имаше огромни успеси со младинските селекции и обезбеди враќање во елитата како и опстанок две сезони на сениорскиот тим. Сите овие факти вечно ќе стојат позади името на Радуле, а Вардар-ци секогаш ќе му бидат благодарни за се она што направи за “црвено-црното” семејство.

Му посакуваме успешна сезона во новиот клуб, а ние ќе останеме пријатели засекогаш.

 

Среќно !