ЖКК “ВАРДАР” ќе се натпреварува во WABA
Нашиот женски тим продолжува со реализација на својата зацртана цел – Унапредување и развој на младите кошаркарки како на домашната сцена, така и на меѓународен план.
Раководството на клубот донесе значајна одлука за следната натпреварувачка сезона 2020/21 , младите Вардарки да настапат во WABA (Woman Adriatic Basketball Association) која пред се ќе биде огромен предизвик и искуство за нашите кошаркарки родени 2004 година и помлади.
Во категоријата на кошаркарки до 17 години ќе настапуваат вкупно 20 екипи од 7 држави, а дел од нив се следниве истакнати “сили”: Партизан (Белград), Будуќност (Подгорица), Ратгебер (Пореч), Цинкарна (Цеље)…
Вардар како синоним за спортски бренд во Македонија, ќе ја има можноста за афирмација на младинската женска кошарка и секако ќе настојува да избори добар пласман со своето дебитирање во WABA.
Среќно девојки!