Шампионскиот трофеј М16 го донесоа во Кале

Овој викенд во СЦ Јане Сандански се одигра Ф4 за кадети (М16). Момците на тренерот Јованчев одиграа на ниво, со борбеност за секоја топка со посветеност во нападот и заслужено се закитија со златен медал.

Во полуфиналето славевме над МЗТ Скопје Аеродром со 82:68, а во финалето против Феникс 2010 со 71:65

Најкорисен играч на финалето (MVP) беше Павел Атанасов. 

 

Честитки до сите.