Шампионската титула кај Вардарки
Ова дефинитивно е сезона за памтење за нашите сениорки. Покрај освоениот Куп, дојде и “првенчето” како државни ШАМПИОНИ за сезона 208/19.
Во една убедлива финална серија од 3:0 против Баделки, денес се крунисавме и со првата титула. Одлична игра на сите три натпревари (75-44, 63-83 и 79-65), честитки до сите играчи особено до Славица Наков како предводник на екипата, која се закити со уште едно признание за Најкорисен играч (MVP).
Честитки и до тренерот Стојановска за оваа успешна сезона на кормилото на црвено-црните.
Благодарност до Претседателот на Вардар, г-динот Воиновски за неизмерната поддршка низ целата сезона, како и денешната од трибините.