Радуловиќ на својот ФБ профил се заблагодари на управата и играчите за оваа успешна сезона

Со денешниот натпревар на гости против Шкупи и победа од 76:87,  нашите сениори ја завршија оваа сезона.

Одиграа 10 кола од Плејаут лигата, местото меѓу елитата за следната сезона го осигураа и тренерот Радуловиќ несебично на својот ФБ профил се заблагодари на играчите и управата, за целосната посветеност како вистински тим.

“Крај на сезоната. Сеуште под импресии, но впечатокот е дека имавме доста успешен настап во елитното натпреварување. Голема благодарност до управата на КК Вардар, Brane Andrievski , Darko Krstic, помошниците Aleksandar Asadanov и Aleksandar Jovancev, физио Brankica Perchinkovska, Док, Љупчо и Зоки…
Благодарност на целиот играчки кадар за посветеноста, детерминираноста и вложениот труд. Браво момци!
Се надевам дека следната година повторно ќе уживаме во оваа прекрасна игра заедно, уште подобри, поквалитетни и поискусни…
Одиме напред КК Вардар! ” – напиша на својот ФБ профил Дарко Радуловиќ