1:0 за Вардарки во борбата за трофејот
Денес започна финалната серија , која трета година во низа ја играат Вардар и Бадел 1862.
Се игра во систем – подобар во пет натпревара (односно во три добиени натпревара), а двата тима започнаа со 0:0.
Првото финале го игравме на домашен терен и веќе водиме со 1:0 (75:44). Со убедлива и сигурна игра беа нашите девојки во текот на целиот натпревар, па лесно успеаја да дојдат до водство во борбата за престижниот трофеј. Веќе во сабота им гостуваме на Баделки и се надеваме дека за само една седмица титулата ќе ја донесеме во Кале.
Честитки за целиот тим