М14 со бронза се вратија од Кочани

Изминатиов викенд во Кочани се одигра Фајнлфор турнирот за деца родени 2005/2006 година.

Учесници покрај нас беа: организаторот Дино Баскет , Работнички и МВП Струмица.

Првиот полуфинален натпревар го игравме против Работнички и загубивме со 69:92, а на натпреварот за трето место го надигравме тимот на МВП Струмица со 94:72 и се вративме со бронза.

Честитки за играчите и тренерот Лазаревски и посакуваме ова да е почеток на “караванот” медаљи за сезона 2018/19.