Славица Наков со две награди на КУП – трофејот 2019
Сосема заслужено нашата Цаци ги доби двете награди на КУП – трофејот 2019.
- Најдобар стрелец
- Најкорисен играч (MVP)
“Многу сум среќна што трета година по ред КУП – трофејот останува во витрините на ВАРДАР. Бевме мотивирани, иако квалитетот на кошарката не е високо ниво, ни одигравме пожртвувано и тимски.
Противникот како во полуфиналниот натпревар, така и во финалето добро го познаваме и знаевме дека нема да биде лесно со два натпревари во два дена. И покрај тоа останавме фокусирани и успеавме во нашата цел и оваа година да го подигнеме пехарот. Среќна сум што во тимот имаме и помлади девојки кои добија шанса да го покажат својот потенцијал и верувам дека во иднина ќе бидат и носители на играта. Благодарност до стручниот штаб за безрезервната поддршка и трудот што го вложија да ни овозможат да се покажеме во најдобро светло и заеднички да ја оствариме крајната цел – освојување на КУП титулата.
Двете награди кои ги освоив се резултат на залагање и труд низ целата сезона, секогаш го давам максимумот. Но, секако морам да потенцирам дека кошарката е тимски спорт и секоја награда е резултат на поддршката на терен од девојките и секако од тренерот” , изјави Димовска.