Баделки поразени на свој терен
Вчерашното дерби со Бадел 1862 е второ сезонава, а скорот е 1:1.
Значајна победа на гостински терен за нашите сениорки со 63:77 и прво место на табелата.
Тренерот Стојановска задоволна од играта на девојките – “Секој натпревар со екипата на Бадел е вистинко дерби, двата тима имаат можност да ги покажат своите квалитети со рамноправен противник. Задоволна сум од играта која ја прикажаа моите кошаркарки, игравме колективно, секоја од нив беше исполнителна во своите задачи. Би издвоила два битни моменти кои се интересни за потенцрање на овој натпревар, допринесот на младата и талентирана Тамара Гилева (2004), која во еден период од натпреварот внесе свежина во играта и релизираше два последователни коша при водство на Бадел,и даде цврстина во одбраната. А најбитна улога имаше искусната Славица Наков која во неколку наврати кога противникот резултатски се обидуваше да се доближи ја превзема играта во свои раце. Не дозволи пад во нашата игра, и со нејзините организациски способности како и атрактивни завршници беше вистински лидер. За убавината на ова дерби говори и многубројната публика која уживаше на трибините.
Голема благодарност за поддршката”.