Безнадежно против Кожув

На вчерашниот натпревар од последното коло во пресрет на Супер-лигата, загубивме од Кожув со 70:91.

Имавме лош старт на натпреварот и гостите убедливо ја добија првата четвртина. Иако успеавме да се вратиме во вториот период и да го добиеме со 23:15, не беше доволно за пресврт бидејќи во второто полувреме веќе како да немавме сила.

Најдобар играч од нашата екипа беше Михајлоски со 22 поени.