СРЕДА СО ПАВЕЛ АТАНАСОВ

Павел Атанасов или познат како Џамбо, е дел од селекцијата до 16 години.

  1. Што те инспирираше да почнеш да се бавиш со спорт, конкретно со кошарка?

Уште од второ одделение започнав да тренирам кошарка. Љубовта кон кошарката ја стекнав гледајќи го Мајкл Џордан и другите НБА ѕвезди. Сонував, уште од најрана возраст, еден ден и јас да заиграм кошарка како нив. Секојдневните тренинзи воопшто не ми претставуваа напор, туку напротив, уживав во секој момент поминат со моите соиграчи и тренери.

2. Кој број на дрес го носиш и зошто?

Бројот 16 и нема некоја посебна симболика, но со задоволство го носам. Повеќе сум препознатлив по мојот надимак- Џамбо (се смее)

3. Со кој колега од Вардар најмногу се дружиш надвор од теренот?

Јас по природа сум многу друштвен и имам многу пријатели. Но, доколку би требало да издвојам некој посебно, тоа се моите соиграчи: Марин Петков и Нестор Несторовски со кои сум практично неразделен.

4. Дали својата кошаркарска иднина ја гледаш во друга држава?

Искрено, би сакал да направам интернационална кошаркарска кариера. Европските клубови од Шпанија, Италија, Турцијa се меѓу најдобрите во светот и навистина е инспиративно да играм во некој од нив. Но, секако сонот за играње во НБА во САД е мој најголем предизвик за во иднина.

5. Според тебе кое би било врвното достигнување со КК Вардар?

Освојувањето на првото место со М18 и М16, би било навистина огромен усоех за мене лично, оваа сезона. Освојувањето на два златни медали ќе биде огромна сатисфакција за мене и огромен поттик за уште поголеми залагања во иднина.

6. Што очекуваш до крајот на тековната сезона?

Со напорна и посветена работа на тимовите од генерациите 2003 и 2001, очекувам влез во завршните натпревари на првенството (Final four) и секако освојување на првото место и со двете грнерации М18 и М16, за кои јас настапувам.