Прво место на табела за нашите сениорки

Денешната победа на сениорките против екипата на Крива Паланка, го запечати првото место на табелата. Секоја победа е значајна, посебно кога ова е последен натпревар пред завршницата на Куп натпреварите , кои следниот викенд ќе се одиграат во Гевгелија.

“Одлично се воигравме и имавме одлична тимска атмосфера, што навистина помогна денес да одиграме квалитетно и со убедлива победа да го крунисаме натпреварот” изјави тренерот Стојановска

ЖКК Крива Паланка – ЖКК ВАРДАР 40:86