Посакуваме да го одбраниме Купот
На вчерашната прес-конференција по повод Куп на Македонија 2019, нашите претставници изјавија:
Благоја Трифуновски, претставник на ЖКК Вардар:
“Женската кошарка нема многу публика, но се надевам дека на натпреварите ќе ја добиеме посакуваната поддршка. Ние сме бранители на тронот и ќе направиме се за да го одбраниме трофејот во натпреварувањето. Нема да биде воопшто лесно, но ветуваме максимум и голема борба”.
Симона Деловска, капитен на ЖКК Вардар:
“Работнички ќе биде наш прв ривал во Купот. Го познаваме добро ривалот, затоа што повеќето кошаркарки од таму лани играа за нас. Како што кажа нашиот тренер, ние ќе играме најдобро што знаеме и ќе се обидеме да го одбраниме Куп-трофејот. Тоа е нашата голема желба”.
Превземено од www.mkf.mk