Сениорите немоќни против Фени Индустри
На вчерашниот натпревар против Фени Индустри , не покажавме концентрација и сериозен пристап на теренот , што резултираше со краен резултат 70:80.
Нашиот млад тим во последните 90 секунди од првата четвртина имаше вистински пад на концентрацијата и противникоти знаеше како да го искористи тоа и да стигнат до предност од 18-25. Во вториот период се приближивме на 27-30, но кавадарчани имаа нова серија и на одмор заминавме со 32-46. Во второто полувреме никако не успеавме да направиме пресврт и да забележиме два бода.
Најефикасни од нашиот тим беа Радош со 17 поени и Темелковски со 11 поени и седум скокови.