Пораз од македонскиот првак
На денешната средба против македонскиот првак , КК Работнички нашите момци загубија со 107:89.
Сепак гостинот беше убедлив фаворит на овој натпревар, но нашите момци одиграа максимално ангажирано.
Провел повторно беше најдобар стрелец од нашата екипа, но овој пат и најефикасен играч на натпреварот со постигнати 36 поени.
Гости во нашиот кошаркарски дом, беше Unified екипата на Специјална Олимпијада, која во Март заминува на Олимписки игри.
Во последното коло за првиот дел од сезоната им гостуваме на гевгеличани.