Александар Јованчев е избран за најдобар младински тренер во машка конкуренција за 2018 година

Mакедонската кошаркарска федерација вчера ги додели признанијата на најдобрите во кошарката за 2018 година.

Горди сме на нашиот тренер Александар Јованчев, кој ја доби наградата за најдобар младински тренер во машка конкуренција, исто така и стручниот штаб од М16 репрезентацијата (Јованчев, Андриевски, Перчинковска и Ашаданов), која обезбеди А-дивизија по долго време за еден наш национален тим, со успехот на ЕП Б-дивизија во БиХ.

Ова е доказ за успешната работа, посветеноста на нашите тренери и мотив плус за уште поуспешно да работиме во иднина.