Пораз на двете дербиња

Не успеавме да славиме на ниту едно сениорско дерби. Мажите поразени во Охрид, додека девојките на домашен терен не успеаја да им парираат на Баделки.

Одигравме егал натпревар против Охриѓани, се држевме до самиот крај кога дури на минута ипол успеавме со тројката на Прентовиќ да водиме еден поен (79:80), меѓутоа во последните 20 секунди домаќинот поентираше.Имавме напад за победа , кој не успеавме да го реализираме.

Целосна статистика тука 

Жените го доживеаја првиот пораз сезонава, на големото дерби со Бадел 1862.

Ова беше еден “несреќен” викенд за нас, но тоа само ќе не мотивира за натпреварите кои следат.