Сениорите одиграа пријателски натпревар против “плаво-белите”

Вчера во салата Јане Сандански , сениорите се сретнаа со “плаво-белите” и одиграа пријателски меч, како подготовка пред стартот на сезоната.

На ваквите натпревари, резултатот е во втор план. Целта е играчите да влезат во ритам, да се демонстрира целата тактика која се вежба во подготвителниот период.

КК МЗТ Скопје Аеродром – КК Вардар 73:63

Следна контролна средба ни е во САБОТА, 13:00 часот во Куманово, против истоимената екипа.