Жаклина Стојановска на кормилото на ЖКК Вардар
Поранешната македонска репрезентативка и една од најдобрите кошаркарки во земјава во новата сезона ќе го предводи нашиот женски сениорски тим.
Како бранители на титулата во Купот на Македонија и актуелен вицешампион, амбициите и оваа година ни се исти, стремејќи се и кон освојување на шампионската титула.
Жаклина Стојановска доаѓа во ЖКК Вардар на местото на Срѓан Дамњановски кој се повлече од тренерската функција во првиот тим поради приватни причини.
Среќно девојки!