КК Вардар дел од European Youth Basketball League во Словачка
Со генерацијата до 13 години, нашиот клуб е единствениот од Македонија кој ќе настапи на European Youth Basketball League во Словачка.
Во периодот од 13-16 септември нашите талентирани играчи ќе си ги одмерат силите на меѓународен план со екипи како:
- Bayern Munich (Германија),
- Beko (Србија),
- Cluj Napoca (Романија),
- Prague (Чешка).
Ова е огромно искуство за нашите момци, посебно на интернационално ниво кадешто секој натпревар е само плус за секој индивидуален играч и секако за тимскиот дух.
Првиот натпревар го играме утре во 10:00 часот против екипата од Романија.
Среќно дечки!