Сениорите со полна пареа се подготувуваат за старт на сезоната
Како што најавија дека од 15 август ќе започнат со тренинзи, така и остварија. Сениорите веќе половина месец активно се подготвуваат за стартот на сезоната. Со полна пареа во салата Кале, црвено-црните под раководство на тренерот Радуловиќ влегуваат во ритам.
“Започнавме на 15 август со подготовки, а голем дел од играчите дојдоа со одлична базична подготвеност. Работиме на подигнување на физичките капацитети и полека влегуваме во колективна техничко-тактичка подготовка. Имаме млада екипа, која ќе игра брза и агресивна кошарка , сетоа ова помогнато од тројца странски играчи. Сепак примарната цел ни е опстанок во лигата, а секој резултат плус за нас ќе биде повеќе од одличен.”, изјави тренерот Радуловиќ.