Нашите репрезентативци на прием кај Претседателот Воиновски
После историскиот успех на македонската кошаркарска репрезентација до 16 години, освоеното трето место и влез во А Дивизија, стручниот штаб на овој нацинален тим и дел од играчкиот ростер беа на прием кај претседателот на КК Вардар, г-динот Владимир Воиновски.
Стручен тим: Александар Јованчев, Александар Ашаданов и Бранкица Перчинковска (недостасуваше директорот Бранко Андриевски).
Играчи: Величковски Марко, Лука Савичевиќ, Богдан Мирковски и Никола Груевски.
Вистинска чест е да се бранат боите на Македонија, но полно срце е да се бранат и боите на црвено-црното семејство.