Јованчев со репрезентацијата до 16 години, стигна до четврт- финале
Кадетската репрезентација на Македонија оствари голем успех со пласманот во четврт-финалето од ЕП – Б дивизија во Сарајево, освојувајќи го второто место во групата Б. Оваа репрезентација се калемеше две години, а на чело на тимот е нашиот тренер – Александар Јованчев, кој го докажа својот квалитет и на национално ниво.
Како дел од оваа репрезентација, покрај селекторот Јованчев се и : Директорот Бранко Андриевски, тренерот Александар Ашаданов и нашиот физиотерапевт Бранкица Перчинковска.
Им посакуваме среќа на денешниот натпревар против Романија.