Девет играчи од Вардар во националните селекции У16 и У18

И во овие две национални селекции нашиот клуб има голем број на претставници.

Во репрезентацијата У16 кои заминуваат на ЕП во Сараево од 09-18 АВГУСТ , Вардар има 5 свои претставници:

  • Стефан Јовановски
  • Бранко Шуменковски
  • Драго Стојановиќ
  • Марко Величковски
  • Михаил Наумоски

Селектор на оваа репрезентација е Александар Јованчев, кој што е тренер на истата таа селекција во нашиот клуб.

За репрезентацијата У18, ЕП ќе се одржи во Скопје во периодот од 27.07 – 05.08.2018 и сите кои ќе бидеме во Скопје, имаме можност да ја поддржиме нашата репрезентација и нашите кошаркари . Во оваа генерација, Вардар има 4 свои претставници:

  • Благој Димитриев
  • Валмир Какруки
  • Андреј Данилов
  • Адриан Наумоски