Уште двајца американци го ставија својот потпис во Вардар
Нашата сениорска екипа предводена од Радуловиќ Дарко го затвори круго на странски играчи, откако уште двајца американци го ставија својот потпис.
Американскиот бек Џуниус Проуел, роден 1993 година кој во Скопје доаѓа од прволигашот на Косово, Раховеци.
Таму ја помина последната сезона и беше најдобар играч во екипата со просек од 13,5 поени, 4 скока и 3 асистенции.
Вториот американец кој го потврди своето членство кај црвено-црните , а воедно трет американец во таборот е крилниот играч Двејн Мајнер . Тој доаѓа од Универзитетот Харис Стоу Стејт за кого последната сезона одиграл 34 натпревари (33 како стартер) и просечно постигнувал по 10,9 поени, 4,3 скока и 1,5 асистенција.
Добредојдовте!