Валмир Какруки останува во црвено-црното семејство
Го продолживме договорот со 18-годишниот Какруки, еден од најдобрите наши играчи , воедно и еден од најдобрите во македонската репрезентацијата на последното јуниорско Европско првенство што се одржа во Скопје.
“Одлучив да останам и оваа година во Вардар поради што многу сум задоволен од условите во овој клуб, од управата и стручниот тим. Навистина се надевам дека ќе имаме голем успех следнава сезона” – изјави Валмир.
Ние како клуб сме навистина среќни што ги задржуваме играчите од минатата сезона и надополнети со тројцата странци мислиме дека ќе бидеме достоен конкурент помеѓу големите клубови.