Сашо Пецев задолжен за кондицијата на црвено-црните
Со самиот влез во кошаркарската елита, во секој поглед ќе стартуваме со сериозна работа. Играчкиот тим полека се комплетира, а со цел нивната физичка форма да биде на уште повисоко ниво го ангажиравме Сашо Пецев како кондиционен тренер, кој што воедно ќе помага и во младинските селекции.
Од 2016 година активно работи во кошаркарскиот свет како кондиционен тренер, покрај што бил клубски работник , тој ја подигал формата и на голем број играчи од нашата А репрезентација (Магдевски, Стајиќ, Младеновски, Мекиќ, Крстевски, Димчевски…).
Знаењето од оваа сфера му е закитено со многу сертификати за физичка подготовка (Elite Performance Institute NSCS Phase 1 and Phase 2, NASM Performance Specialist, NASM Corrective Exercise Specialist, Certified Physical Preparation Specialist CPPS 2017, FMS – Functional Movement Screen 1 Gray Cook, IASTM Technique 2.0 Manual Therapy 2018) .
Се надеваме на заедничка успешна соработка и му посакуваме добредојде на Пецев во црвено-црното семејство.