Дамјан Робев се враќа во “црвено-црното” семејство
Вардар веќе со полна пареа го “калеми” сениорскиот тим кој од следнава сезона повторно ќе биде дел во кошаркарската елита. Не ја менуваме стратегијата, настојуваме тимот да го комплетираме со играчи од нашиот младински погон.
Дамјан Робев , на кој добро му е познат паркетот во нашиот спортски дом и долги години беше дел од Вардар, после една година пауза повторно му се враќа на црвено-црното семејство. Откако лани замина во КК Гостивар, Робев за сезоната 2018/19 својот потпис одлучи да го стави во Вардар.
Со својата висина 198 цм и 21 година, и те како ќе придонесе за квалитетна игра на нашата екипа.
Му посакуваме успешна сезона!