Уште една успешна сезона за нашиот клуб

Оваа сезона, 2017/18 е само уште една во низа успешни сезони за нашиот клуб. Напорната работа низ целата година, посветеноста на тренерите и ангажираноста на децата си остави свој печат.

Ја стартувавме сезоната со одбрана на женскиот сениорски куп , а ја завршивме со шампионска титула во М12.

Сениорите со повторен влез во кошаркарската елита , ја потврдија целата сериозност на нашиот клуб и нашите амбиции, затоа голема благодарност до раководството што сетоа ова го овозможи.

 

Три сребрени медаљи, една бронзена и две четврти места е останатиот исход од 2017/18, со што ниту еден друг клуб не може да се пофали. Сите селекции го завземаа своето место во Ф4 турнирите , но секако дека покрај децата кои се главни актери и тренерите ги имаат своите заслуги за овие успеси.

  • Жени сениори – второ место
  • М14 – второ место
  • М15 – второ место
  • М16 – трето место
  • М18 – четврто место
  • М12-1 – четврто место

Се гледаме од 15-ти август во нашиот спортски дом , СРЦ Кале кадешто стартуваме со подготовките за новата сезона.