Крајот го краси делото
Нашите најмлади кошаркари – М12, во еден драматичен меч против екипата на МЗТ Скопје Аеродром во денешното финале ставија печат на оваа сезона освојувајќи ја ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА.
Ова финале беше вистински мелем за очи, каде што нашите момчиња покажаа вистински карактер, одиграа шампионски , иако имаше продолжеток поради нерешен резултат , го издржаа притисокот и се закитија со злато. Честитки и до тренерот Ашаданов за оваа успешна сезона.