Вардар е финалист во М14

Нашите кошаркари , се изборија за пласман во финалето откако во првиот натпревар од завршницата на турнирот за возрасната категорија на кошаркари до 14 години ги совладаа врсниците од Дино Баскет со 57-84.

Денес со почеток во 17:30 часот се игра финалето помеѓу Вардар и Партизан Мулти Шпед кој ќе го одлучи шампионот во оваа возрасна категорија, а пренос од овој натпревар ќе биде објавен на насловната страница на вебсајтот на Македонската кошаркарска федерација.

Среќнооо!