Викендов се игра Фајнл-Фор за М20

Во регуларното натпреварување на првенството, нашата селекција М20 се наоѓа на трето место на табелата после ФМП Академија и Работнички и заедно со четврто пласираната екипа Карпош Сколи , викендов ќе го играат завршниот Фајнл-Фор турнир, за сезона 2017/18.

Во сабота (19.05.2018), со почеток од 20 часот, во спортската сала на ОУ “Невена Ѓеоргиева Дуња”, го играме полуфиналниот натпревар против екипата на Работнички.

Ве покануваме сите кои сте во можност да ги бодриме нашите момци!