Сениорките со сребро ја завршија оваа сезона

Иако на денешниот натпревар можеби очекувавме дека можеме да им се доближиме на Баделки во финалето и да обезбедиме и трет натпревар, сепак тоа остана зад нас и со конечен скор 3:0 за противникот го завршивме ова првенство.

Купот е во нашите витрини, шампионскиот пехар и оваа година го пропуштивме, но сепак овие девојки го дадоа максимумот во текот на целата сезона.

“Добро го започнавме натпреварот, но до крајот на полувремето постојано ја губевме свежината и не го контролиравме дефанзивниот скок, што на Бадел им дозволи поени од втора шанса. Веќе после паузата, започнавме со егал игра , но противникот и овој пат заигра поангажирано при што стигна до двоцифрена предност и не ја испуштија до крајот на натпреварот, а ние не успеавме доволно да се спротиставиме за да го свртиме резултатот во наша полза” , изјави тренерот Дамњановски

Честитки до нашите девојки и до тренерот за целата успешна сезона