Вардар М12 со сребро од Лесковац
Овој викенд се одигра и четвртиот Балкански Куп за оваа сезона. После Пловдив, Ботевград и Скопје , Лесковац беше последната дестинација кадешто се одигра Блаканскиот Куп за деца до 12 години.
Во група бевме со домаќинот Актавис и КК Ниш, а со двете екипи извојувавме победа. И кошаркарскиот клуб ФМП во полуфиналето не успеа против нас, за да во големото финале на продолжетоци (64:63) изгубиме од екипата на Балкан Ботев.
Во ЈУНИ е завршниот Фајнл-Фор турнир, во Ботевград, а до тогаш ќе продолжиме со тренинзи па се надеваме на злато.