Црвено-црните подобри од Феникс

На вчерашниот натпревар во М15  нашите момци беа подобри од Феникс и со краен резултат 89-78, го обезбедија првото место на табела во регуларниот дел од сезоната.

Одиграа интересен и неизвесен натпревар, а самиот факт дека се двете најдобри екипи во М15 натпреварувањето, тоа даде уште посериозна нота во СРЦ Кале.

“Задоволен сум од играта и залагањето на сите играчи, бидејќи одиграа онака како што се договоривме пред мечот и затоа сметам дека оваа победа е целосно заслужена. Важен натпревар за нас како клуб, важен натпревар за оваа генерација и крајниот епилог беше само печат на она што го тренираме во текот на целата сезона. Сега ни преостануваат последните пет кола и Плеј-Офот за титула, па се надеваме дека ќе ја оправдаме досегашната прва позиција” – изјави Ашаданов