ЖКК Вардар поразен на гостувањето кај Бадел 1862

Го одигравме и последното дерби со Бадел 1862 во регуларниот дел од сезоната. За разлика од финалето на купот и претходниот натпревар кој го добивме на домашен терен, изминатиов викенд одигравме под нашите можности. Ја немавме препознатливата игра во одбраната и бевме без идеа во нападот, а сето тоа резултираше со краен резултат 79:48.

Не очекува полуфиналниот дуел со Пелистер , кој ќе се одигра викендов што следи, а со победа на тој натпревар се пласираме во финалето.

Им посакуваме среќа на нашите девојки и победа на натпреварот во полуфинале.

Табела