СЕ ВРАЌАМЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА ЕЛИТА

По една година пауза, повторно се враќаме во македонската кошаркарска елита. Имавме одлична сезона во втората лига, од вкупно 15 одиграни кола имаме 14 победи и сигурно прво место на табелата.

Пред последниот натпревар за оваа сезона, со Тетекс кој го одигравме во саботата (28.04.2018), спортскиот директор на Македонската Кошаркарска Федерација, Владимир Темелковски ни врачи признание за одлична игра во текот на целата сезона, а ние сериозно ќе се подготвуваме за стартот на следната сезона меѓу останатите првотимци.

Честитки до тренерот и играчите!