Сениорите се враќаат на теренот, појачани со Провел

По месечната пауза, продолжуваат натпреварите од прва лига мажи , а наредниот викенд стартува и женската сениорска лига.

Сениорите утре, со почеток од 18:00 часот на домашен терен ја пречекуваат екипата на “МЗТ Скопје Уни Банка”.

Во ростерот го вративме нашиот најдобар стрелец од изминатата сезона Џуниус Провел, а Радош во зимскиот дел замина од нашиот клуб.

Посакуваме успешна втора полусезона.