IBC на пријателски натпревари во Скопје

Во неделата (29.09.2019) во СРЦ Кале ни гостуваше Белградски IBC . На трите пријателски натпревари во три генерации (М13, М14 и М18) , Вардар остана непоразен.

М13 / ВАРДАР – IBC 55:44

M14 / ВАРДАР – IBC 60:42

М18 / ВАРДАР – IBC 72:67

Секогаш тежнееме да играме пријателски натпревари со екипи надвор од МКД, со цел нашите играчи да се стекнат и со меѓународно искуство, а пријателските односи со овие клубови се важен дел од нашето функционирање како клуб.