Бронза и злато за ВАРДАР во М13

Вардарци вистински владеат во лигата М13. На финалниот турнир влегоа и двете наши екипи, Вардар 2 и Вардар 1 кои убедливо ги поразија своите противници.

               

Вчера во СРЦ Кале се одиграа финалните натпревари, а ова е исходот од нив:

  • ВАРДАР 2 – ШАМПИОН за сезона 2018/19
  • ВАРДАР 1 – Трето место за сезона 2018/19

Не треба повеќе да се зборува за оваа генерација на момчиња, кои под раководната палка на тренрот Ашаданов (Вардар 2) и тренерот Данев (Вардар 1), функционираат како вистинско семејство.

Трето место / МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 1 61:80

Финале / Вардар 2 – Академија ФМП 69:46

Најкорисен играч на финалето беше избран Бојан Величковски од Вардар 2.

Честитки и вие сте гордост на ВАРДАР.