Второ место за У12 и четврто место за У14 на BYBL турнирот

На третиот BYBL турнир кој викендов се одржа во Скопје , организатор на У12 беше ФМП Академија, а на У14 бевме ние во СРЦ Кале.

Прво место на турнирот во Кале (У14) освои Дино Баскет, додека пак ние не успеавме да ја победиме екипата на Сливен во борбата за трето место. (64:65)

На турнирот У12 , во финалето загубивме од Балкан (68:58) и го освоивме второто место, додека пак третото место го освои екипата на Левски.