Сениорите сигурни против АВ Охрид

На денешниот натпревар од 20. коло против екипата на АВ Охрид, нашите сениори сигурни во играта освоија два бода. Со оваа победа се изедначивме на табела со денешниот противник (четири победи и 14 порази).

Цветковски Андреј беше предводник на нашиот тим со 23 поени. Втората и третата четвртина беа клучни за оваа наша победа , кога успеавме да дојдеме до 15 поени предност и до крајот на натпреварот не му дозволивме на противникот да направи пресврт.

ВАРДАР – АВ Охрид 76:68

(18-16, 18-10, 25-20, 15-22)

целосна статистика од натпреварот тука