Сениорите го надиграа Шкупи
На денешното “дерби” во Кале, нашите сениори со двојно убедлива предност ја надиграа екипата на Шкупи.
![]()
Уште во првата четвртина се знаеше победникот кога резултатот на семафорот гласеше 40:08. Предноста само растеше, за да на крајот на третата четвртина имаме +68 поени разлика за нас (104:36) и краен резултат 118:59.
На овој натпревар шанса добија и младите играчи и сите се запишаа во листата на стрелци. Темелковски оствари дабл-дабл со 13 поени и 10 скокови.
Стрелци: Ивановиќ 18, Цветковски 12, Серафимов 2, Темелковски 13, Радош 8, Шалев 5, Анастасов 6, Волканоски 11, Прентовиќ 6, Данилов 5, Станимировиќ 10, Тарнер 2.