Деловска и Лазарова дел од кошаркарскиот јунифајд тим на Специјалната олимпијада Македонија
Нашата кошаркарка Симона Деловска веќе две години е дел од кошаркарскиот јунифајд тим на Специјалната олимпијада Македонија. Како дипломиран психолог и страстен вљубеник во спортот едноставно се приклучила на екипата волонтери со кои заеднички создаваат инклузивно општество.
Симона и Емилија Лазарова од ЖКК Вардар заедно со атлетите на СОМ се пред голем предизвик, Летни олимписки игри на Специјалната Олимпијада во Абу Даби од 8-22 Март, каде учество ќе земат 170 земји од Светот. Кошаркарскиот тим се состои од 4 јунифајд партнери, 6 атлети и 3 тренери. Тимот веќе 6 месеци работи на подготовките за овие игри, имаат одлична комуникација меѓу играчите, фантастична соработка со тренерите, и висока мотивација на сите членови на екипата. Токму затоа ни најавуваат да очекуваме медал.
Ние ќе навиваме за нив и им посакуваме да одиграат најдобро што знаат и умеат.
Со среќа !
#SpecialOlympicsMacedonia
#Playunified