Сениорите поразени од Гевгеличани

Во петтото коло ни гостуваше тимот на гевгелиска Блокотехна, со која никако не успеавме да се износиме до крај.

Стартувавме одлично, ритамот и предноста ја држевме некаде до шестата минута, но искуството и организираната игра на противникот си го направија своето. Втората четвртина убедливо ја загубивме, а во останатите делови успеавме да бидеме со приближен резултат, но не доволно за пресврт.

Наредно коло му гостуваме на Шкупи,а  до тогаш останува да ги корегираме грешките и да дојдеме до првата победа оваа сезона.

Целосна статистика од натпреварот тука