Капитенот на ЖКК Вардар задоволен од досегашниот исход

Симона Деловска која веќе три години е дел од црвено-црното семејство, а две години е капитен на сениорската екипа, е задоволна од стартот на оваа сезона.

“Сезоната ја започнавме со натпревари против прилично млади и помалку искусни екипи, па имаше простор да се ротираат сите играчи и да се работи на повеќе аспекти од нашата игра. Ми се допаѓа што од натпревар во натпревар играме се подобро и потимски , искрено се надевам дека тој напредок ќе продолжи и во следниот период , па ќе го постигнеме посакуваното ниво и во нападот и во одбраната”, изјави Деловска.