Не успеавме да го надмудриме МЗТ Скопје

Овој викенд беше со акцент на екипата од Аеродром, против која игравме во две младински селекции и сениори.

“одигравме навидум тежок меч во М18. Во текот на натпреварот имавме неколку шанси да го промениме резултатот , но сепак не успеавме да извојуваме два бода. Дури на крајот имавме шанса и да го однесеме натпреварот во продолженија, но промашивме шут за три поени во последните секунди. Никако ни среќата не беше на наша страна во овие последни секунди. Иако Хусеин Бајрам беше најдобар стрелец со 25 поени (6 тројки), кој иако е една година помал од оваа натпреварувачка генерација, тој полека но сигурно станува лидер на екипата. Долгогодишната кариера во црвено-црното семејство , е водич кон добра и квалитетна игра”, изјави тренерот Јованчев.

КК МЗТ Скопје Аеродром – КК Вардар 72:67

Во М16 , иако на полувреме заминавме со два поени предност, третата четвртина беше пресудна за нашиот пораз , каде што промашивме неколку шутеви и направивме многу технички грешки што придонесе скоро 5 минути да не постигнеме ниту еден поен и до крај да не успееме да се доближиме до противникот.

КК МЗТ Скопје Аеродром – КК Вардар 77:65