Пријателство повеќе од ривалство

Во третото коло како домаќини ја дочекавме екипата на МЗТ Скопје Аеродром, а првпат во својата тренерска кариера тренерот Ѓорѓи Кочов  излегува против Вардар, каде ја започна својата тренерска кариера. Прво како помошник, потоа како главен тренер.

Вардар е клуб кој секогаш ми буди убави спомени, клуб кој ми даде огромна шанса да се афирмирам како тренер. Да не беше Вардар и да не добиев таква шанса, можеби никогаш нема да се занимавам со оваа професија.

Голем дел од играчите кои ќе настапат на овој меч ги трениравме заедно со Велев и Радуловиќ. Знам дека тие ќе имаат посебна инспирација да се покажат во што подобро издание и очекувам убав натпревар” изјави Џоле. 

Носталгично сум врзан за Вардар, но во исто време сум професионалец и во мечот ќе влезам максимално мотивирано и без сентименталност.

Ги предупредив играчите дека Вардар е млада и полетна екипа, игра брза кошарка и мора да го дадат максимумот”

превземна изјава од basketball.mk.

Иако го изгубивме овој натпревар, на кој што противникот беше убедлив фаворит , ова беше значаен натпревар во однос на пријателството меѓу стручното раководство.

Целосна статистика од натпреварот тука