СРЦ Кале исполнет со детска радост и смеа
Денес , дечињата од детската градинка “БИСЕРИ” го исполнија нашиот спортски дом, со неизмерна радост, смеа и љубов.
Околу 30-тина насмеани деца, беа дел од тренингот на сениорите и заеднички поминаа незаборавни забавни моменти, a нашите кошаркари несебично ја споделија својата позитивна енергија.
Најпрво го гледаа тренингот на од сега нашите првотимци, потоа заеднички заиграа кошарка на мали кошеви , нашите кошаркари им демонстрираа вежби кои се важни за правилен развој на секое дете, а нашиот физиотерапевт Бранкица Перчинковска со неколку совети околу здравата исхрана и колку спортот е важен за здравјето на секое дете , стави печат на овој прекрасен ден.
Вистински уживаа и во разгледувањето на салата, а секое дете се радуваше на големиот број трофеи, пехари и плакети кои се наоѓаат во витрините на нашата сала.
За нас е секогаш важно , кога на било каков начин можеме да ги направиме децата среќни, кога можеме да помогнеме и да ги насочиме да го изберат спортот како начин на живот и секако да ја засакаат кошарката , па можеби еден ден, дел од овие деца ќе ги носат и боите на нашиот клуб.