Кошарка – мелем за очи на МКЛ Вардар

Во неделата се одигра 13-то коло од Младинската кошаркарска лига “Вардар”, а ние бевме сведоци на вистински кошаркарски мајстории, два дерби натпревари на кои се играше кош за кош.

На првиот натпревар во генерација 2003, домаќинот Вардар не му дозволи на МВП Скопје да го изненади семафорот и покрај честите промени на резултатот, во задните неколку минути се реши резултатот 65:55.

                                

И на вториот натпревар Вардар беше подобар од МЗТ Скопје, во генерација 2001. Иако во првиот дел од натпреварот екипата од Аеродром имаше водство, сепак не успеа до крај да издржи и го загуби натпреварот со 12 поени разлика.

На послесниот натпревар, во генерација 2005 победникот се знаеше уште на крајот на првиот дел, односно Гостивар 2009 со убедлив резултат 80:27 го надигра МЗТ Скопје.

                               

 

РЕЗУЛТАТИ:

(генерација 2003) КК Вардар – КК МВП Скопје 65:55

(генерација 2001) КК Вардар – КК Мзт Скопје 71:59

(генерација 2005) КК Мзт Скопје – КК Гостивар 2009 27:80